Се запали автобус на ЈСП во Нерези

Во претпладневните часови на последната автобуска станица во населбата Нерези избувна пожар во автобус број 57, јави Курир.



-Пожарот е пријавен во автобус на ЈСП на улица „Козле“. Во моментот автобусот бил празен без патници, само што се паркирал. Пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот и има само материјална штета. Повредени лица нема. Интервернирано е со едно противпожарно возило и 4 пожарникари, изјавил командирот на противпожарната бригада Скопје, Ѕвонко Томевски.