Дер Лајен: Барањето на Русија за плаќање во рубљи е – еднострано

Русија не може да ја уценува Европа со своите енергетски ресурси и нема да и биде дозволено да ги заобиколи санкциите барајќи рубљи за нејзините испораки на нафта и гас, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, јави Ројтерс.



„Ова би била еднострана одлука и јасно прекршување на договорот“, рече Фон дер Лајен за барањето на Русија да биде платено во рубли.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го отфрли барањето на Владимир Путин „непријателските земји“ да го платат рускиот гас во рубли. На прес-конференција Шолц рече дека во повеќето договори за гас со Русија има клаузули за плаќање пари во долари или евра.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот рече дека условите за плаќање за договорите за снабдување со гас во рубли ќе бидат разјаснети во контактите со руските купувачи на гас.