Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека пораките на украинскиот претседател биле емотивни и тажни.
„Плач. Се што гледате на телевизија секој ден“, рече Милановиќ, додавајќи дека НАТО не може да помогне.
„НАТО не може да му помогне во она што го сака. И нема.
И тоа е отворена порака од клучните актери во НАТО. Колку е правилно, за тоа ќе суди историјата“, рече Милановиќ.
Тој потврди дека Јенс Столтенберг ќе остане генерален секретар на НАТО уште една година. „Не знам кој ќе го наследи, но ако сакате тоа да биде некој од Хрватска, тогаш не зборувајте многу за тоа“, им рече Милановиќ на новинарите. Дневник хр






