Утре ден на жалост во Косово по смртта на Медлин Олбрајт

Петок 25 март, е прогласен за ден на жалост во Косово по смртта на Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка на САД, која почина вчера.



Претседателката Вјоса Османи во своето образложение за прогласување на утрешниот ден а жалост истакна дека Олбајт беше голем пријател на Косово.

„Во знак на државна почит, петок, 25 март 2022 година, во Република Косово е прогласен за Ден на жалост во спомен на големата пријателка на Косово, Медлин Олбрајт, која почина вчера. Госпоѓа Олбрајт ја знаеше болката на нашиот народ затоа што и самата доживеа прогон како дете, па остана одлучна против Милошевиќ се додека не се прекине неговиот геноцид на Косово“, рече Османи.

Денеска на Косово се оддржа свечена седница по повод 23 годишнината од нападите на НАТО врз СР Југославија во 1999 година.