Палермо преплавен од македонски бои пред баражот Македонија – Италија(ВИДЕО)

Повеќе улици во центарот на Палермо, главниот град на Сицилија, се преплавени од црвените дресови на македонските фудбалски навивачи кои дојдоа да ја бодрат македонската репрезентација.



Вечерва во 20,45 на стадионот Ренцо Барбери Макеоднија игра бараж меч против Италија на патот кон светското првенство во Катар оваа година.

Иако домаќинот важи за огромен фаворит и од кладилниците Македонија е прогласена за апсолутен аутсајдер македонските навивачи се оптимисти дека вечерва може да се мине Италија.

Навивачите кои дојдоа од Македонија но и од повеќе други европски држави сметаат дека ако се мине првото полувреме без водство на Италија се е можно до крајот на мечот.

Ако Македонија мине ќе се сретне со победникот од мечот Турција – Португалија и ќе игра во Порто.

Дел од атмосферата во Палермо