По одлуката на рускиот петседател Владимир Путин, рускиот гас да се продава во рубљи, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најавии дека ќе има – исклучоци.
Москва ќе се обиде да ги реши проблемите на Србија со плаќање на гас во руски рубљи, „транзицијата кон рубљи ќе биде проблем за земјите непријателски настроени кон Руската Федерација“.
„Тој (српскиот претседател Александар Вучиќ) е во право, ова навистина може да биде проблематична ситуација“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков, како што ренесуваат бугарски медиуми, рече дека „Бугарија во овој случај презема непријателски чекори кон Русија“.
„Затоа таа ќе мора да (купува ) за рубљи, без разлика дали сака или не, сака или не“, рече Песков.
„Но, во исто време, ова не се однесува на Србија. Ова е проблем што треба да се реши и, се разбира, загриженоста на Србија ќе биде главен приоритет за нас“, рече портпаролот .
Претходно, Вучиќ рече дека одлуката на Русија да ги прифати плаќањата за испораките на природен гас само во рубли, станала голем проблем за светот.






