Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил претседателот Џо Бајден во телефонски разговор да не воведува санкции за рускиот олигарх Роман Абрамович бидејќи може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит џурнал“.
Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович. Белата куќа не ја коментира ситуацијата, ниту Министерството за финансии.
„Нема да објавуваме приватни разговори меѓу претседателот Бајден и Зеленски“, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност.







