Рускиот министер за транспорт Виталиј Савељев изјави дека западните држави побарале враќање на повеќе од 500 авиони од руските авиокомпании.
„Веќе се пристигнати барања за повеќе од 500 наши авиони од странско производство“, рече министерот.
Тој вели дека е потребно да се одлучи дали авионите треба да се откупат или не.
„Затоа што компанијата мора да продолжи да плаќа закупнина, но изнајмувачите на авиони не сакаат да ни ги продаваат“, рече тој.
Савељев додаде дека доколку авионите се купат од страна на Русија, тогаш обемот на набавката ќе биде 20 милијарди долари.
Според него, од повеќе од 1.300 авиони, над 800 се веќе префрлени во регистарот на руската авијација, 78 авиони се запленети и „изгубени“!?







