Српскиот претседател Александар Вучиќ не е оптимист за скорешно смирување на ситуацијата во Украина, повикувајќи се на податоци од боиштето што ги видел, додавајќи дека „не слуша пропаганда, туку чита само проверени информации“.
„Вечерва ги видов податоците што ги добивам од нашата разунавачка слчужба, бидејќи не верувам во пропагандата. Очекувајте во краток период дека ќе има уште потежок судир на големите сили поради тоа што руските сили, како што стојат работите, ќе го заземат Мариупол“, изјави тој во интервју за Радиотелевизија Војводина.
„Голем страв имам од утрешниот ден. Кога мислам дека најлошото поминало, доаѓаат уште полоши вести“, додаде шефот на српската држава, мислејќи на утрешниот состанок на НАТО.






