Фетаи: „Муслиу ја игнорира најквалификуваната работна сила, велејќи дека платите се зголемуваат кога младите заминуваат“

„Режимскиот аналитичар Алберт Муслиу кажа дека заминувањето на младите има позитивен ефект, бидејќи така се зголемуваат платите во Македонија, поради недостигот на работници. Оваа изјава го покажува незнаењето на Муслиу и дека тој го игнорира најквалификуваниот дел на работната сила.“ – вели Арбен Фетаи од опозициската Алијанса на Албанците во својата објава на фејсбук.

Фетаи дополнува: „Таа изјава е доказ дека режимскиот аналитичар Муслиу ја изгубил врската со реалноста. Режимот го направи неговиот син конзул во Чикаго, САД, кршејќи ги прописите што се однесуваат на Министерството за надворешни работи, па сега аналитичарот мисли дека на сите им се зголемиле приходите исто како на нему.“