„По повод наближувањето на светиот месец на Рамазанските пости во тетовското село Камењане беше подигнато албанското знаме. Новина годинава во ова село ќе биде објавувањето на времето на Ифтар со симулиран топ, дар од печалбарот Калош Бајрами.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ го пренесува соопштението на Месната заедница од Камењане“, која објави, покрај другото:
„Иновација во Камeњане!!!
„Со симулациски топ ќе биде соопштувано кога ќе биде терминот за ифтар во текот на денот во периодот на 30-те дена на Рамазан!!!“
Инаку, годинава периодот на Рамазанските пости за припадниците на муслиманската вероисповед во Република Македонија ќе биде од 1.април до 30.април. Ифтар е вечерниот оброк во текот на исламскиот месец на Рамазан, односно јадењето кое се консумира во првиот самрак, непосредно по заоѓањето на Сонцето.





