Фудбалерите на Вардар се пред третиот меч од Лигта на Европа. Тој е денеска од 19 часот во Скопје и претпоставува гостување на шпанскиот Реал Сосиедад. Тежок предизвик со оглед на реномето на сино-белите од Аноета стадионот, но без оглед на респектот кон се што значи фудбалот од Пиринеите кај македонскиот првак постојат добри намери и позитивни мисли.



„Секако не бевме среќни во првите две рунди од Лигата на Европа со поразите од Зенит и Розенборг. Сега играме дома и не размислуваме за ништо друго освен победа, како би ги задржале шансите и за пласман понатаму во европското натпреварување“ вели клучниот играч Фелипе.

„Очекуваме да ги освоиме првите бодови во Европа. Знаеме дека играме против силен тим кој максимално го респектираме, но добро ги анализиравме и знаеме дека можеме да дојдеме до бодови“ додава тренерот Чеде Јаневски.

Дека фаворитот е очигледен никој во Скопје нема дилема без оглед на тоа што Сосиедад дојде, и на Филип втори попладнево ќе биде без неколкумина важни. Шпанците ги сакаат сите три бода кои ќе им бидат важни за едно од првите две места на табелата во групата Л.

Средбата Вардар-Реал Сосеидад е ов 19 часот, се игра на нашата најголема фудбалска арена и е дел од третата рунда во 12-тата група во Лига Европа. Во исто време сеигра и вториот меч од нашата конкуренција меѓу Зенит и Розенборг.