Мартовската пензија за над 330.000 пензионери ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во априлските и мајските пензии.
Мартовски пензии преку мрежата на банкомати ќе бидат достапни од 29.03.2022 година (вторник), а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги исплаќаат во четири групи според висината на пензијата:
Во вторник исплата на панзиите до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.






