Коментирајќи ги резултатите од истражувањето на Фондацијата за демократија на „Вестминстер“, според кои 58 проценти од младите сакаат да си заминат од Македонија, аналитичарот Алберт Муслиу оценува дека тоа може да има и позитивен ефект?!
„Кај вработените ќе има позитивен ефект, бидејќи ќе почне да се зголемува и цената на трудот, што може да биде и дополнителен мотив за некои да почнат и да се враќаат во земјава. Ако се регулира прашањето со партизацијата, корупцијата, владеењето на правото, повисоките професионални категории, младите можат да отворат свои бизниси тука“, изјави Муслиу за ТВ 21.






