Стопанска банка а.д. Битола ги прилагодува своите производи согласно потребите на категориите на клиенти за кои истите се наменети. Истовремено, со постојани новитети ги следи и најновите модерни трендови на дигитализација во банкарството.
Новиот единствен пакет за млади е наменет за лица 18-25 години, постоечки или идни клиенти на банката.
Пакетот ги содржи најдобрите услуги и дигитални производи на банката кои клиентите од категоријата 18-25 години ги добиваат ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО.
Производи кои ги вклучува пакетот се: трансакциска сметка – БЕЗ трошоци за одржување, Mastercard Debit картичка – БЕЗ трошоци за месечна членарина, БЕСПЛАТНО СМС – известување, БЕСПЛАТНО електронско банкарство и БЕСПЛАТНА мобилна апликација BANK2GO со опција за вршење на плаќања.
Новиот пакет за млади од Стопанска банка а.д. Битола за оваа категорија на клиенти нуди лесен, безбеден и најважно од се БЕСПЛАТЕН пристап до користењето на основните банкарски и модерните дигитални производи кои во целост го олеснуваат финансиското управување со средствата на оваа група млади клиенти.
Повеќе информации за овој пакет можете да прочитате на https://www.stbbt.mk/paket_mladi.nspx , a за аплицирање за истиот целосно бесплатно можете да се обратите во некоја од експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола.https://www.stbbt.mk/ekspozituri.nspx





