Москва „соодветно“ ќе одговори за протерувањето на руските дипломати од Бугарија

Протерувањето на десет руски дипломати од Бугарија ќе добие соодветен одговор од Руската Федерација, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова



„Овој непријателски чекор, како и сите претходни, ќе добие соодветен одговор“, рече таа.

Таа ги опиша постапките на Софија како „невиден демарш“, осми по ред од 2019 година. „Како и претходните, (тоа) беше направено под изговор“, рече Захарова.

Во исто време (ова) органски се вклопува во атмосферата на хистерија надуена од земјите на НАТО и ЕУ во врска со нашата специјална воена операција за заштита на цивилното население во Донбас, демилитаризацијата и денацификацијата на Украина.

Ова го гледаме како уште една провокација, обид да се истакнат во западната трка за брзината на нарушување на односите со Русија, без воопшто да размислуваат за последиците, националните интереси и аспирации на сопствениот народ (на Бугарија)“.,рече Захарова.