Рускиот суд го прогласи затворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални за виновен за измама, пренесе АФП, што значи дека опозиционерот би можел да добие уште 13 години затвор.
Навални направил измама – крадел туѓ имот од организирана група, изјави судијката Маргарита Котова. Таа ја прочита пресудата, која беше изречена на судско рочиште во казнената колонија, каде најотворениот критичар на Путин отслужува уште една 2,5-годишна затворска казна.
Во февруари минатата година, Навални беше осуден на 2,5 години затвор во случај за измама што тој го нарече монтиран и политички. Казната ја издржува во казнената колонија во Покров, недалеку од Москва.
Таму започна новиот процес против него.
На почетокот на овој месец, стана јасно дека опозиционерот исто така ќе биде обвинет за злоупотреба на повеќе од 4,7 милиони долари донации за неговите организации, кривично дело казниво до 10 години затвор во Русија.







