Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во изградба на експресен пат Градско–Прилеп, на втора фаза на потегот Фариш–Дреново.
Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи, втората делница е Дреново–Фариш и третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од с. Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.
Ми претставува големо задоволство што денеска имаме можност да видиме дека интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, кој е еден од најзначајните патни правци во државата каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории.
Една од поважните меѓународни рути која што поминува низ земјата и го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, е Коридорот 10 и токму затоа, денеска со министерот Бочварски и директорот на ЈПДП Рустеми, извршивме увид во градежните работи на делницата Дреново-Фариш.
…
Инвестициите во патната инфраструктура се еден од приоритетите на оваа Влада. Наша цел е Северна Македонија да продолжи да се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и модерна патна инфраструктура. Од почетокот на мандатот, оваа Влада изгради и реконструираше над 1.000 км патишта.
Со сите инвестиции, граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата“, изјави премиерот Ковачевски.







