Главниот уредник на украинскиот весник „Новаја Газета“ и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов ја продава својата награда на аукција.
Планира средствата да бидат донирани за бегалците од Украина, ранетите и болните деца на кои им е потребна итна помош.
„Новаја газета“ и јас решивме да го донираме медалот на Нобеловата награда за мир за 2021 година на Фондот за помош на украинските бегалци. Тие се веќе над 10 милиони.
Ве молиме одговорете на аукциските куќи кои ќе ја продадат оваа светски позната награда на аукција“, напиша Муратов.
Тој беше награден со Нобеловата награда за мир за 2021 година заедно со Марија Реса за „нивните напори да ја заштитат слободата на изразување, што е предуслов за демократија и траен мир“ .
Муратов го основаше продемократскиот весник „Новаја Газета“ во 1993 година со неколку други новинари. Тој беше главен уредник на весникот од 1995 до 2017 година, а функцијата повторно ја презеде во 2019 година.







