Не е пронајдено ни едно тело по паѓањето на кинескиот авион

„Остатоци од авионот се пронајдени на местото на падот, но досега не е пронајден никој од оние кои биле во авионот“, соопшти кинеската државната телевизија „ЦЦТВ“ по вчерашната стравична несреќа кога „боинг 737-800“ се урна со 123 партници и 9 членови на екипажот.



Авионот на „Чајна истерн ерлајнс“, вчера се урна во планините во јужниот кинески регион Гвангши, што е најтешката авионска несреќа во Кина во последните десетина години.

Авионот кој патувал од Кунминг до Гвангжу се урнал во близина на градот Вужу, предизвикувајќи голем пожар кој бил видлив на сателитските снимки на НАСА.

Од ударот се направила и огромна дупка на планинскиот терен. Државните медиуми кажаа дека црните кутии ќе се бараат и со дронови, зашто теренот е доста стрмен и непристапен.