Зеленски не прифаќа ултиматум од Москва: „Ќе мора сите да не уништите“

Украина нема да прифати руски ултиматуми за запирање на војната, изјави украинскиот претседател. Вели дека Русија се води по шемата: „Ние поставуваме ултиматум, ова се точките кои вие треба сите да ги исполните, па војната ќе заврши“, изјави Зеленски, истакнувајќи – на овој начин Москва нема да постигне никаков резултат.



Целта на  Русија  е уништување на Украина, руската страна сака да постигне предавање на градовите  Мариупол,  Харков и Киев од Украина, изјави Зеленски, но тоа не можат да го дозволат ниту луѓето во Харков и Мариупол, ниту јас како претседател. „Ќе мора сите да нѐ уништат. Така автоматски ќе се оствари нивниот ултиматум“, порача Зеленски.

За секој компромис, постигнат во преговорите со  Русија,  Зеленски има намера да го консултира украинскиот народ, содржината на евентуален договор може да биде применета само по одржан референдум, истакна Зеленски, без да наведува конкретни прашања.Д.В.