Груби убеден дека резултатите од пописот ќе бидат „добри и општоприфатени“

Првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби е уверен дека Албанците на пописот “ќе излезат толку колку што се“.



„Убеден сум дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на месецот и оти ќе бидат добри и општоприфатени. Има некои трагични, да ги наречам, изјави од одредени личности, но тоа им го оставам ним да ги објаснат. Што се однесува до Албанците, тие ќе излезат толку колку што се. Сите да бидат мирни дека бројките од пописот ќе бидат релевантни и веродостојни. Многу митови ќе се разбијат“, изјави Груби за ТВ 21.