Режисерот Владимир Милчин реагира за уцената од бугарскиот премиер Кирил Петков до Македонија да ги стави Бугарите во Уставот во замена за симнување на ветото за почеток на преговори за членство во Европската унија.



„Со Борисов не може да се справи, врз нас тренира строгоќу!!! Македонците во бугарскиот устав = Бугарите во македонскиот!“, порача на Фејсбук поранешниот извршен директор на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“, мислејќи на ослободувањето од притвор на експремиерот на Бугарија само 24 часа по приведувањето како дел од осомничените за финансиски малверзации со европските фондови.