Литовски: Бугарија не се стреми кон компромис, туку кон целосна капитулација на Македонија и Mакедонците

Бугарија не се стреми кон „компромис“, туку кон целосна капитулација на Македонија и Македонците, вели историчарот Александар Литовски.



Според него не постои желба за компромис од бугарска страна.

„Нивната собраниска декларација има такви антимакедонски позиции кои значат барање за целосна капитулација на Македонија и самоукинување на Македонците како одделен национален индивидуалитет. Со оглед дека европската бирократија од Брисел ги поддржува бугарските антицивилизациски барања, мислам дека нема простор за било каков компромис. Едноставно кажано, Македонија мора да бара други алтернативи, рече Литовски за Локално.

Тој истакна дека желбата за власт на Русија и ултиматуми зададени на украинците според Литовски не се воопшто исти со македонско-бугарскиот однос.

– Не, тоа не наликува на „македонскиот случај“, затоа што Бугарија не се стреми кон „компромис“, туку кон целосна капитулација на Македонија и Македонците, вели тој.

Според него избрзани одлуки не само што не носат квалитетно решение, туку носат катастрофално лоши резултати, кои што во наредните децении ќе имаат негативни, антимакедонски реперкусии на сите полиња од македонскиот развој и ќе не влечат наназад.