Почна нападот на Одеса: Руската морнарица гранатираше згради на периферијата од градот

Властите во најголемото украинско пристаниште Одеса соопштија дека руските поморски сили во Црното Море гранатирале некои станбени згради на периферијата од градот.



Ова е првпат таму да бидат погодени згради. Портпарол на регионалната воена администрација изјави дека нема жртви во нападот.

Руската морнарица го блокираше градот кој се смета за главна стратешка и симболична цел за Русија. Ројтерс, во своја репортажа потсетува дека пред 81 година градот Одеса на истите пристаништа се подгтовувал за напад од Германија.

На Твитер се појавија слики и видеа од жителите на градот кои со вреќи песок прават барикади за се заштитат од руските трупи кои би стапнале во градот.