Коронавирус: Починаа 8 лица, нови 214 случаи

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Од новорегистрираните од Скопје се 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци –  8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.

Регистрирани сe 96 оздравени пациенти