Украинскиот претседател Володимир Зеленски за Си-Ен-Ен денеска изјави дека е „подготвен да преговара“ со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека доколку не успеат, „тоа би значело дека Третата светска војна веќе е во тек“.
„Подготвен сум за преговори со него (Владимир Путин). Подготвен сум во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ја завршиме оваа војна“.
„Мислам дека треба да го искористиме секој формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека Третата светска војна веќе е во тек“, додаде тој.






