Руските власти денеска соопштија дека нападнале уште една база на странски платеници во Украина.
Рано изутрина руските сили нападнале центар за обука на украинските специјални сили рано во неделата, при што загинаа повеќе од 100 локални војници и странски платеници, тврди Министерството за одбрана на Русија.
,,Центарот за обука на украинските сили за специјални операции во близина на градот Овруч во северниот регион Житомир, каде што беа домаќини на платениците, беше цел на „високопрецизни ракети од воздух“, изјавил портпаролот на министерството Игор Конашенков за време на брифингот пренесуваат повеќе светски медиуми.
Пред една недела, Русија уништи база на полигонот Јаворив во западниот регион Лавов, тврдејќи дека таму биле убиени до 180 странски борци.






