Информативниот портал на албански јазик „Лидери.мк“ ја објави колумната на новинарката Лиза Беќај, со приложен изглед на „веројатниот изглед на знамето на Македонија во иднина“, во која таа пишува:
„Владите се фалат:
– сме го направиле она, сме го направиле ова!
– велат дека албанскиот јазик е официјален јазик!
– велат дека Македонија е мултиетничка држава-бајка!“
„Во меѓувреме, д-р Џеладин Мурати кажа:
‘Во Македонија албанскиот е јазик според ќеф;
– не е официјален јазик
– јазик е на 20 проценти“
„Сепак, дали е веројатно дека знамето на Македонија ќе изгледа во иднина вака како на фотографијата кон оваа колумна?“




