Јусуфи: „Барањето за референдум за албанскиот јазик е државен садизам кон автохтониот албански народ“

„Барањето да се организира референдум за албанскиот како официјален јазик е државен садизам кон еден автохтон народ“ – вели новинарот од Македонија Мехмедали Јусуфи во својата колумна со наслов „За кого бијат камбаните“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Јусуфи пишува: „Македонија се повеќе и повеќе се унакажува, се изобличува, се претвора во една аморфна творба без јасен политички идентитет, бидејќи безобразието и неморалот стануваат најпрофитабилна можна политика. Со пратеници кои самите ‘се киднапираат’ ноќе и кои стануваат херои преку ден, велејќи дека се ‘пророци на вистината’ и оти Македонија набргу ќе стане земја на благосостојбата, силно интегрирана во евроатлантските структури. Тие не се свесни дека државата ја претвораат во пазар на ‘политички животни’, на ‘политичка стока“.



„Оние кои што мораат да го градат и да го спроведуваат моралот во политиката им ги препуштивме како цел на политичките милитанти, а во меѓувреме избравме хулигани и луди навивачи на чело на Владата. Тие се поигруваат добро со чувствата на граѓаните, прогласувајќи го го албанскиот еден ден како официјален јазик, додека наредниот ден некои од нив бараат лидери како Путин, за да донесува закон во Македонија.“

„Се оди толку далеку, што се бара и референдум за албанскиот јазик. Лудило ‘sui generis’, само по себе, тоа е државен садизам кон еден автохтон народ.“ – заклучува Мехмедали Јусуфи во својата колумна.