Тендерска афера со СДСМ и ,,Црната листа” на САД на насловната страница на Фокус

Според најавата на насловната страница неделникот Фокус во своето најново издание анализира афера кои предизвика сериозни реакции во јавноста но и амбасадите на земјите членки на НАТО и ЕУ во Скопје.



Дел од аферата која се најавува на насловната страница е и влијателниот партиски играч во СДСМ Оливер Спасовски кој е на чело на МВР од каде е направена вредна и контроверзна набавка.

Носечката тема на најновото издание на неделникот е аферата ,,Соработка на МВР со фирма под американски санкции” во која покрај други фирми и институции и министерството за внатрешни работи за огромна сума пари набавило компјутерска опрема од компанија блиска на семејството на претседателот на Република Српска Мирослав Додик.

Во анализата Фокус дава детали за набавките и сопственоста на фирмата за која има јавно признание дека соработувала со синот на Мирослав Додик.

Додик е ставен на американската црна листа на санкции со указ на претседателот Бајден поради тоа што шефот на Република Српска се смета за човек кој се обидува да го дестабилизира Балканот.

„Фокус“ истражува каква е поврзаноста на бањалучката ИТ-компанија „Проинтер“ со семејството на контроверзниот Милорад Додик, кој сам призна дека соработник на друштвото е неговиот син Игор. Во меѓувреме, „Проинтер“ потпадна под капата на „Инфинити групацијата“, која неодамна го проширила бизнисот и во Македонија. За период од околу една година, македонската „Инфинити“ добила над 10 тендери вредни вкупно 1,5 милион евра, од кои највредниот договор е склучен со МВР…ите детали во печатеното издание на Фокус”, пишува во најавата на текстот кој е дел од најновото печатено издание на Фокус.