Бојко Борисов излезе од притвор!

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов вечерва е пуштен од притвор откако му истече 24-часовниот притвор, јави БГНЕС.



„Брутално, гадно, не вратија во комунизмот“ беа првите зборови на Борисов пред неговите симпатизери кои со часови чекаа дали тој ќе биде пуштен.

Синоќа вечеравме со децата – влегоа цивили, униформи. Без обвинение. Во ќелиите седиме 24 часа, ниту еден полицаец. Исто како 44-та година… рече Борисов.

… Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, додаде тој.

Според неговиот адвокат, ова е тешка политичка репресија, апсолутно незаконски дејствија. Менко Менков додаде дека има голем број прекршоци извршени од полициските власти.

Од своја страна, Севдалина Арнаудова, поранешен шеф на владината прес-служба за време на Бојко Борисов, која исто така беше уапсена, рече дека никој не ги испрашувал.

Од притвор е пуштен и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.

„Немам обвинение“, изјави откако излезе од притвор. „Менков ме застапува, прашајте го“, рече Горанов.

Претходно денеска стана јасно дека МВР не побарало трајно апсење на Борисов, а неговиот адвокат Менко Менков изјави дека не се преземаат никакви активности.

Од МВР додаваат дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија.

Во текот на полициската акција извршени се претреси и заплени на три адреси.