Телеком ја исклучи „Раша тудеј“

По препораката на Владата од почетокот на месецов, Македонски Телеком денеска го прекина реемитувањето на руската телевизија „Раша Тудеј”.



-Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, известува Македонски телеком, доколку корисниците се обидат да го пронајдат каналот.

Повеќето земји во Европската унија изминативе недели, откако почна руската агресија врз Украина, го прекинаа реемитувањето на „Раша тудеј“, како и каналот „Спутник“, кој исто така се поврзува со руската државна пропаганда