Главната цел на руската операција е ослободување на Донбас, соопшти денеска рускиот претседател пред преполниот стадион „Лужински во Москва, каде се одбележуваше националниот ден на Руската Гедерација.
„Да се спасат луѓето од ова страдање, од овој геноцид, е главната причина и цел на воената операција“, рече Путин и укажа на единството на руските сили на бојното поле велејќи дека руските војници стојат рамо до рамо.
„Од Светото писмо доаѓаат зборовите: ‘Нема поголема љубов од тоа да ја дадеш душата за ближниот. Такво единство немавме долго време’“, посочи Путин.
Во моментот додека тој зборуваше пред полниот стадион телевизискиот пренос беше прекинат.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека имало дефект на серверот.
„Тоа беше технички проблем, веќе е потврдено со сигурност“, рече тој.






