Летонија, Естонија и Литванија протераа вкупно десет руски дипломати, соопштија министерствата за надворешни работи на трите балтички држави, цитирани од Ројтерс.



Бугарија протера уште 10 руски дипломати

Литванија протера четворица дипломати, а Латвија и Естонија по тројца.

Дипломатите беа протерани во координиран потег „во врска со активности кои се во спротивност со нивниот дипломатски статус и со оглед на тековната руска агресија во Украина“, напиша на Твитер летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич.

Естонското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерало дипломати поради „директно и активно поткопување на безбедноста на Естонија и ширење пропаганда што ја оправдува руската воена акција“.

Литванија, од своја страна, рече дека протерувањето е „знак на солидарност со Украина“.