Согласно Уредбата што ја донесе Владата, двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот, појасни мМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.



„Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик.

Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква промена да има во делот на униформите, сходно на тоа и на единицата „Тигар” и на „Единицата за брза распределба”, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што треба да се спроведат постапки – тендери, јавни набавки, да се набави тоа што треба да се набави во делот на амблемите…