Ќе го номинираат Зеленски за Нобелова награда

Рокот за прифаќање номинации за Нобеловата награда за мир треба да се продолжи за да може да се земе предвид предлогот за украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија група европски политичари.



На Нобеловиот комитет му е испратено барање повторно да се отвори процедурата за номинација и да се одложи рокот од 31 јануари до 31 март

„Иако сме свесни дека ова е упад во процедурата, веруваме дека тоа е оправдано со сегашната невидена ситуација“,

се вели во писмото потпишано од 36 минати и сегашни политичари од Холандија, Велика Британија, Германија, Шведска, Естонија, Бугарија, Романија и Словачка,јавува „Њусвик“.

„Наша демократска должност е да се спротивставиме на авторитаризмот и да го поддржиме народот кој се бори за демократија и неговото право на самоуправа. … „Нашите зборови на сочувство и поддршка тешко можат да ги оправдаат жртвите што ги прават за принципите на човековите права и мирот“, се вели во писмото од 11 март.

Номинација за Нобеловата награда за мир може да направи секое лице кое ги исполнува критериумите за номинација, како членови на националните собранија и национални влади, членови на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, како и одредени универзитетски професори, почесни професори и вонредни професори.