Тезата на обвинителството, агресивната кампања, за случајот „Меѓународен сојуз“, но и за “Рекет”, беше со намера целосна дискредитација на моите дела. Она што е добро да биде претставено како лошо. Фактите се заменија со шпекулации, а шпекулациуте резултираа со обвинение, истакна Бојан Јовановски денеска во неговиот завршен збор за случајот „Меѓународен сојуз“.
Горд сум што бев претседател на Меѓународен сојуз која немаше добиено ниту еден денар државни пари туку зе финансираше со вмрежување со бизнис секторот и имавме реализирани многу проекти. Горд сум што можам да се пофалам со проектот ко е од големо значење но кој, за жал, не помина а тоа е изградба на дом за стари лица, истакна Јовановски.
„Никого не држев во заблуда, особено не Силјан Мицевски и полномошникот на Дрим Билдинг, Амзоски“, убедува Јовановски.
Исто така рече дека немало злоупотреба на политичките власти, односно тогаш актуелната влада. За ваквите обвинувања вели дека апсолуто не се точни.
„Поддршката од Зоран Заев јас лично ја имав од првиот ден од форирањето на Меѓународен сојуз. Поттикот е голема форма ако доаѓа од првиот човек. Дека Заев знаел и бил инфомиран за проектот е неспорен факт“, рече Јоваовски.
„Тортурата кон мене придонесе да се борам како Дон Кихот со ветерници“ – се пожали Јовановски.
„Најлесно беше да удрат по Бојан Јовановски. Народот ќе рече, не можеш по магарето, па удри по самарот…рече Боки 13, како што пренесе Фокус
Тогаш Јовановски беше предупреден од судијката да се зборува конкретно за обвинувањето против него откога рече дека „сега како самар ќе кажам повеќе за магарето“….







