Досега се покренати 120 постапки по пријави за злоупотреба на европските фондови, соопшти на брифинг во средата и по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков го соопшти европската главна обвинителка Лаура Ковеши.



Сега е време бугарските власти да почнат да работат на многу чувствителни и важни случаи кај нас. Затоа сме тука“, порача Ковеши.

Само еден ден посетата на Ковеши на Софија, следуваше синоќешното апсење на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, како и на неколку негови соработници од партијата ГЕРБ.

Пред бугарската влада утрово се одржа мирен протест за одбрана на лидерот на најголемата опозициска партија во земјата, на кои се придружи и пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција.