Вчера казнети 206 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на државата се казнети 206 возачи за брзо возење.



Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место, велат од МВР.