Обвинителството се’ уште не е информирано за спроведување на „итни“ истраги против политичари и синоќешното апсење на поранешниот премиер Бојко Борисов, како и неговиот ПР Севдалина Арнаудова и Владислав Горанов, објавија бугарски медиуми.
Обвинителството посочува дека со оглед на вчерашното соопштение до медиумите од МВР во 21.12 часот дека „во тек е голема операција во врска со 120 предмети на Европското обвинителство во Бугарија“, согласно Регулативата на ЕУ, Европското обвинителство треба да биде надлежно за истрагата.
Поради оваа причина, од државното обвинителство појаснуваат дека доколку се вистинити информациите што ги пласира МВР, прашања за случајот треба да се упатат до претставници на Европското обвинителство.
Според бугарските закони, при спроведување на „итни“ истражни дејствија, протоколите треба да се достават до обвинител на одобрување, соопшти обвинителството, уверувајќи дека доколку тоа се направи, јавноста ќе биде информирана.






