„Ниеден албански универзитет од Албанија, Косово и Македонија не е на листата на објавените 2 илјади најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година. Тажно е и жално во каква состојба се нашите универзитети. Ова што се случува со нив е национална катастрофа. Универзитети не се прават со татковци, вујковци, со пријатели, со љубовници и швалерки, со незнаење, со полуписмени луѓе, со продавање дипломи и убави титули.“ – вели Насер Пајазити, одговорниот уредник на информативната агенција на албански јазик ИНА, во својата анализа.
Пајазити пишува: „Центарот за рангирање на светските универзитети направи рангирање на 2 илјади најдобри универзитети во светот, опфаќајќи околу 20 илјади универзитети. Ниеден албански универзитет од Албанија, Косово и Македонија не е на листата на објавените 2 илјади најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година.“
„Од Македонија само Универзитетот ‘Светите Кирил и Методиј’ е рангиран на 1944-то место. Универзитетите од државите од поранешна Југославија е рангирани повисоко: Универзитетот во Белград – на 348-ма позиција, Универзитетот во Љубљана – на 374-та позиција и Универзитетот во Загреб – на 525-та позиција меѓу најдобрите 2 илјади светски универзитети. На листата се универзитети од Гана, Гамбија и други африкански земји.“
„Тажно е и жално во каква состојба се нашите универзитети. Ова што се случува со нив е национална катастрофа, нешто што бара итна интервенција. Во спротивно, оваа лоша ситуација ќе не чини многу скапо. Универзитети не се прават со татковци, вујковци, ако некој некому му се допаѓа, за атер, не се прават со незнаење, со пријатели, со љубовници и швалерки, со полуписмени луѓе, со продавање дипломи и разубавени титули, ниту со ‘акшам пазари’. – заклучува Пајазити во својата анализа.“





