За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на Лукоил, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, вели Антонијо Милошоски кој ја сподели веста дека државата купила руска нафта за половина милион евра и потсетувајќи на изјавата на Османи дека кој купува руска нафта ја финансира руската армија.
Милошоски посочува дека Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра.
Каква хипокризија, вели Милошоски.





