Италија: Конфискуван уште еден имот на руски бизнисмен

Италија конфискуваше станбен комплекс на медитеранскиот остров Сардинија, во сопственост на рускиот бизнисмен Петр Олегович Авен, објави Ројтерс.



Авен поседувал третина од имотот вреден околу 4 милиони евра. Неговата европска нафтена империја со проценета нето вредност од 4,7 милијарди долари, а тој се најде на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина.

Ова е уште еден удар на Италија против руски олигарх.

Пред неколку дена беше запленета јахта на рускиот бизнисмен Андреј Мелниченко, против кого беа воведени и санкции од ЕУ.

Претходно италијанската полиција најави уште две вакви апсења – јахтите на олигарсите Алексеј Мордашов и Генадиј Тимченко.