Ахмети: „Одлуката за албанскиот јазик на полициските униформи е завршена работа – нема зошто да се одложува“

„Одлуката за албанскиот јазик на униформите на полицијата е завршена работа.’ – изјави денес лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ ги цитира зборовите на лидерот на „интегристите“: „Таа одлука е завршена работа и само е прашање на време кога ќе биде материјализирана во практиката. Тоа е затворено прашање, нема зошто да се одложува. Може да има различни толкувања, но за секој закон, исто така, е потребно време, за да се спроведе во пракса.“

„Во соопштението на Владата, објавено на 15.март 2022 година, се вели дека одлуката за користење на албанскиот јазик и на полициските униформи е усвоена согласно со законот за употреба на јазиците.“

„Униформите на полицијата на с.Македонија ќе бидат означени и на албански јазик во општините каде што повеќе од 20 проценти има албанско население.“