„Алмакос“: „Закани кон дел од персоналот во ‘Бардовци’, оти бараат надомест за прекувремената работа и што ја тужиле болницата“

“Извори од скопската психијатриска болница ‘Бардовци’ велат дека дел од вработените се соочуваат со закани и мобинг бидејќи си ги бараат правата и надоместоците што им припаѓаат. Неофицијално се дознава дека дел од вработените од вторичниот персонал, кои извршуваат улоги и како негуватели во оваа болница, се изреволтирале и поднеле тужби против болницата, барајќи надомест за прекувремената работа.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

„Алмакос“ пишува: „Овие вработени во меѓувреме се повикани од главната сестра и адвокатот, кои им се закануваат и им вршат мобинг, за да дознаат кој ги организирал да поднесат тужба против болницата.’ – вели еден од вработените, барајќи да не го објавуваме неговиот идентитет. Тој објаснува дека вработените работеле и со пациенти, заразени со ковид, оти станале и негуватели, но и дека се принудени да молчат, поради страв да не бидат набркани од работа.“

„Откако на овие вработени се им дојде ‘преку нос’, се решија да јавно да проговорат и да поднесат тужба. Се очекува претставниците на психијатриската болница ‘Бардовци’ да дадат појаснувања во врска со овие информации.“