Нов скок на цената на нафтата: Прекината негативната серија на Волстрит

Цените на нафтата утринава пораснаа по неколкудневниот остар пад.



Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 1,15 отсто на 101,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,75 отсто на 97,15 долари.

На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 98,89 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 98,87 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 118,30 на 118,15 јени.

Волстрит порасна

На Волстрит во вторникот, цените на акциите нагло пораснаа, прекинувајќи ја повеќедневната негативна низа, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од падот на цената на нафтата под 100 долари за барел, намалувајќи ги стравувањата од натамошно зголемување на инфлацијата.

Dow Jones порасна за 599 поени или 1,82 отсто, на 33.544 поени, додека S&P 500 скокна за 2,14 отсто, на 4.262 поени, а индексот Nasdaq 2,92 отсто, на 12.948 поени.

Инвеститорите беа охрабрени од падот на цената на нафтата

Инвеститорите беа охрабрени од падот на цената на нафтата под 100 долари за барел, за прв пат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година.

На лондонскиот пазар цената на барелот вчера падна за 6,5 отсто, на 99,90 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 6,4 отсто на 96,44 долари.

Ова се најниските цени на „црното злато“ за речиси три недели, а падот се должи на надежта на инвеститорите дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе резултираат со договор.

Оттука, ублажени се стравувањата од нарушување на испораките на нафта од Русија, но и од натамошен раст на инфлацијата, која во САД е на највисоко ниво во последните 40 години.

Како резултат на тоа, вчера цените на акциите пораснаа во 10 од 11-те најважни сектори на индексот S&P 500. Поради големиот пад на цената на нафтата падна само енергетскиот сектор и тоа за 4 отсто.