Девет маркети во Струга и Дебар казнети со по 7.000 евра

Струшкото одделение за инспекциски надзор при Државниот пазарен инспекторат во последните два дена изрекло 11 мерки над трговски субјекти во Струга и Дебар, кои не ги почитувале ограничувањата на маржите.



На сите субјекти им се исречени казни од по 7.000 евра. Немало прекршувања во однос на прехранбените производи кои треба да се продавата по набавни цени.

– При контрола во трговијата, во саботата и понеделникот екипите на Државниот пазарен инспекторат изрекоа девет мерки во Струга и две во Дебар. Казните се за непочитување на одлуката за висината на маржата, односно применување маржа повисока од три отсто, додека забележавме почитување на цените на безпрофитните производи. , истакна раководителот на струшкото одделение Шпендим Илјази.