„Именувањето премиер-Албанец во Македонија би било најголемото чудо на Албанците на Балканот, но шансите тоа да се оствари се мали, бидејќи албанската политика во Македонија не се здружува.“ – објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“ во својата политичка анализа.
„Бота сот“ пишува: „Досегашниот вицепремиер-Албанец на Црна Гора Дритан Абазовиќ е назначен како мандатар за премиер на оваа земја. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го одреди Абазовиќ како мандатар, кој ја доби поддршката и од албанските политички елити. Зошто тогаш и во Македонија не постои ниту обид од страна на Албанците и тие да имаат свој премиер-Албанец?“
„Но, мали се шансите, според аналитичарите, Aлбанците и во Македонија да имаат премиер Албанец, бидејќи албанската политика во Македонија не се здружува, заради ваков чекор.“
„За прв пат во историјата на политиката и дипломатијата Албанците се почувствуваа погорди, бидејќи на Форумот за дипломатија, одржан во Анталија, во Турција, се сретнаа албански премиери на трите земји од Западен Балкан: на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти и албанскиот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ. Кога и во с.Македонија на Али Ахмети би имало албански премиер, е, тоа би било најголемото чудо на Албанците на Западниот Балкан.’ – вели професорот Сулејман Мехази во изјава за „Бота сот“.
Инаку, во оваа анализа Мехази го нарекува Абазовиќ „премиер на Црна Гора“, иако овој е сеуште само мандатар, што значи дека Абазовиќ не е се уште избран како претседател на Владата на Црна Гора.
„Бота сот“ натаму пишува: „Логично се поставува прашањето: кога може Владата на Црна Гора да ја предводи Дритан Абазовиќ, во која Албанците ги има помалку од 10 проценти, тогаш зошто и ДУИ со дваесет години владеење и со околу 40 отсто Албанци во с.Македонија, покрај министрите, не би можела да издејствува и свој премиер-Албанец во оваа земја?“
„Абазовиќ со своите четворица пратеници во Парламентот на Црна Гора знае да манипулира и да ги услови двете најголеми црногорски и српски партии, заради позицијата премиер, но на Али Ахмети му недостасуваат вакви политички способности да игра коалициски игри со најголемите македонски политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.’ – дополнува Мехази.
„Мехази нагласува дека лидерот на ДУИ Али Ахмети на последните избори попуштил, не условувајќи го СДСМ со изборот на премиер-Албанец. ‘Во кампањата спроти последните парламентарни избори Али Ахмети тргна со мотото ‘За премиер – Албанец’, а по изборите кога новата Влада зависеше од ДУИ Али Ахмети попушти за неколку министерски позиции и не го услови СДСМ со избор на премиер-Албанец и согласувајќи се само со премиер од албанскиот етникум, но кој ќе биде неважечки во текот на последните 100 дена од мандатот на Владата.“ – заклучува „Бота сот“ во својата анализа.
Home Македонија „Бота сот“: „Премиер-Албанец во Македонија би било најголемото чудо на Албанците на...





