Украина и Русија постигнаа значителен напредок во пробниот мировен план, кој вклучува прекин на огнот и руско повлекување доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили, брифираат пет лица информирани за разговорите, за Фајненшл тајмс



Украинските и руските преговарачи во понеделникот договориле плат од 15 точки што вклучува Украина да се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ветување дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје во замена за заштита од сојузниците како што се САД, Велика Британија и Турција.

Сепак, пишува ФТ, природата на западните гаранции за украинската безбедност – и нивната прифатливост за Москва – би можеле да се покажат како голема пречка за каков било договор, како и статусот на териториите на земјата заземени од Русија и руските сепаратисти во 2014 година.

Украинските власти се скептични дека рускиот претседател Владимир Путин е целосно посветен на мирот и се загрижени дека Москва би можела да купи време за да ги прегрупира своите сили и да продолжи со офанзивата.

Путин не покажа знаци на компромис, ветувајќи дека Москва ќе ги постигне сите свои воени цели во Украина. „Никогаш нема да дозволиме Украина да стане упориште на агресивни дејства против нашата земја“, рече тој.

Но, руски извор информиран за разговорите според Фајненшл тајмс, рече дека предложеното решение, доколку се договори, може да им даде на двете страни прифатлив начин да прогласат победа во војната.

„На секоја страна и треба победа“, рече изворот“.

„Тој (планот) треба да може да се продаде на луѓето.

Путин може да каже дека сакавме да го спречиме пристапот на Украина во НАТО и поставувањето странски бази и ракети на нејзина територија. Ако го сторат тоа, тој може да каже: „Го добив тоа“.